Со години пријавувал закани во МВР и ОЈО: Запалена куќа на човек во Струга!
На 14 март во Струга е запалена куќа на граѓанин, кој претходно со години пријавувал закани, обиди за изнуди и рекет во МВР, но институциите повторно затаиле.
Едисон Мусаи е иселеник, со децении живее и работи во Швајцарија, меѓутоа повремено се враќа во Македонија. Овде направил и куќа, која пред десетина дена му била запалена. Мусаи во разговор со Инфомакс објасни дека лицето Б.Н му барало 100.000 евра, со цел да претсанат да го малтретираат. Како што вели Мусаи, неколку пати во МВР било пријавено напади со нож, закани и слично, меѓутоа институциите не постапиле.
Од МВР потврдија дека до нив имало неколку пријави.
– Е.М. има поднесено две пријави против Б.Н. и тоа една пријава поднесена на ден 03.12.2024 година за кривично дело „загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница“ по чл.133 од Кривичниот законик, по која е поднесена кривична пријава против Б.Н. на 09.01.2025, како и една пријава поднесена на 08.04.2025 година за кривично дело „изнуда“ предвидено во чл.258 став 1 од Кривичниот законик, по која е поднесена кривична пријава против Б.Н. на 09.07.2025 година.
Исто така, на 10.04.2025 година во ПС Струга од страна на лицето Б.Н. од с.Велешта, струшко пријавено е кривично дело „загрозување на сигурноста“ против Е.М. од с.Франгово, за што е известено ОЈО Струга. – велат од МВР за Инфомакс.
Од МВР потврдија и дека кај нив е пријавен настанот со палењето на куќата во Струга.
– На 14.03.2026 година во 15:30 часот во ПС Струга пријавено е кривично дело „предизвикување општа опасност“ предвидено по чл. 288 ст.1 од Кривичниот законик извршено со палење во куќа лоцирана во населба Езерски лозја во Струга, сопственост на Р.М., сопруга од Е.М.. Се работи за расчистување на случајот. – велат од МВР.
Од Основното јавно обвинителство во Струга потврдија дека имало кривични пријави доставени и до нив, меѓутоа не биле обезбедени материјални докази.
– Во изминатиот период ОЈО Струга постапуваше по три пријави со наводи и во однос на лицата кои ги наведувате во прашањето. Но во текот на постапката, со сите преземени дејствија не се обезбедија материјални докази за потврда на наводите. Во однос на последниот настан, обвинителството е известено и нареди дејствија за испитување на причините на пожарот и откривање на евентуални сторители на кривично дело. Доколку притоа се обезбедат соодветни докази, јавното обвинителство ќе постапи согласно надлежностите, известија од ОЈО.
Мусаи реагира на спорото постапување на институциите, вели пријавил и во Швајцарија, каде живее, меѓутоа тамошните органи му кажале дека македонските институции треба да си го решат случајот.
– 20 пари пријавував, никој не постапува, некој го штити тој, вели Мусаи.
Инфомакс имаше увид и во фотографии и видеа од надзорни камери на кои јасно се гледа лицето кое ја пали куќата, се гледа и автомобил со регистарски таблички, меѓутоа видеата нема да ги објавиме во овој момент, бидејќи истите треба да бидат дел од доказна постапка пред соодветните институции.
Мусаи апелира институциите да ги заштитат граѓаните од бандити и нагласува дека веќе се плаши за својот живот бидејќи со години никој ништо не му може на насилникот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Со години пријавувал закани во МВР и…
На 14 март во Струга е запалена…
Поднесено обвинение за тешка кражба на кабли…
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство…
25 години од почетокот на воениот конфликт…
Денеска се навршуваат 25 години од официјалниот…
Гаши: Таа ноќ Кочани и Македонија изгубија…
Некои ноќи завршуваат рутински, некои ноќи завршуваат…
Обоена со сина боја зградата на МВР…
Денес на 7 март, светот ќе им…