Со Филипче како министер водата била неисправна и тоа се криело од граѓаните

t

Со Филипче како министер водата била неисправна и тоа се криело од граѓаните. Скоро 400 испитувања на водата во период кога Венко Филипче е министер за здравство и СДС е власт, покажале дека граѓаните пијат неисправна вода и тогашната власт не само што не преземала ништо за тоа, туку и го сокрила овој податок од граѓаните. Венко Филипче и СДС свесно оставиле граѓаните бавно да се трујат само за да не изгубат политички поени, рече на денешната прес – конференција Никола Мицевски, член на ИК и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ .

Според него податоците со коишто располагаме покажуваат со какви искривени вредности се Венко Филипче и СДС. На ден 19.05.2021 година, испитувањата за водата на Водостопанство Лисиче во Велес, не одговарале согласно Правилникот за безбедност и квалитет на водата, односно народски кажано, водата не била за пиење. На ден 22.06.2021 година, испитувањата за водата во локален водовод во село Нивичани, Кочани, исто така, не одговарале согласно Правилникот за безбедност и квалитет на водата. На ден 20.07.2021 година, , испитувањата за водата во Пештани, Охрид, не одговарале согласно Правилникот за безбедност и квалитет на водата, за што е направен записник и решение за забрана од 23.07.2021 година. На ден 10.11.2021 година, во чешма во школо Страшо Пинџур, село Уларци, Чешиново, водата не била согласно законските прописи. Водата во Здравствен дом Делчево на 11.01.2022 година, не била за пиење. Министер за здравство Венко Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со Филипче како министер водата била неисправна…

Со Филипче како министер водата била неисправна…

Ќе се вработат уште 300 специјализанти во…

Проектот најавен во 2024 година, за вработување…

Автомобил се превртел кај Крива Паланка по…

Возач е повреден во сообраќајна несреќа што…

Дуров одговори на меѓународната потерница на Москва…

Русија го обвини основачот на Телеграм, Павел…

Две тинејџерки извлечени од Охридското езеро, со…

Вчера во 19:55 часот во Полициската станица…