Ќе се вработат уште 300 специјализанти во болниците низ државава
Проектот најавен во 2024 година, за вработување 600 специјализнати во болниците низ Mакедонија, со проиоритет на оние надвор од Скопје, половично бил спроведен, соопшти денеска министерот за здравство, Сашо Клековски. Сега се планира вработување на уште 300 специјализнти до крајот на оваа година
– По одреден застој, се откочи процесот за вработување на 600 специјализанти. Тоа е одлука на Владата од 2024 година. Се доцнеше со спроведувањето на одлуката. Се вработија 300 специјализанти, а 300 специјализанти останаа надвор од проектот – рече Клековски на прес-конференција во Владата.
На вчераната седница на Владата се донела одлука да се отвори процесот повторно и да се вработат уште другите 300 специјализанти, до крајот на 2026 година.
Министерството за здравство планира да го обнови повикот за изразување инетерес, бидејќи според нивната евиденција веќе триесетина од тие 300 специјализнати се вработени по редовен пат.
Апсолутен приоритет ќе биде општите и хируршките болници надвор од Скопје. Секако специјализации во профили каде има дефицит – вели министерот Клековски.
Со ова ќе се надмине состојбата со константен дефицит на специјалисти во јавното здравство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Платите за 23 месеци пораснаа за…
Економските резултати најдобро се мерат преку конкретни…
На Исланд референдум за продолжување на преговорите…
Исланѓаните денеска на референдум треба да се…
Утрово мирно на граничните премини, нема гужва…
Сообраќајот на државните патишта во Македонија се…
Трамп: Со Венецуела е постигнат „најголем договор…
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД…
Се уште не е позната пресметката за…
Точниот процент за септемвриското усогласување на пензиите…