Собраниската комисија даде „зелено светло“ за Законот за проверка на странски инвестиции

t

Собраниската Комисија за надворешна политика и надворешна трговија даде согласност да продолжи собраниската процедура за Предлог-законот за пријавување и проверка на странски директни инвестиции, кој е предложен со европско знаме.

На седницата биле предложени 15 амандмани, од кои министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски прифатил шест, поднесени од пратениците Сали Мурати, Димитар Ковачевски, Моника Зајкова и Соња Мираковски.

Муцунски им се заблагодари на пратениците за, како што рече, активниот придонес во подобрувањето на законското решение.

 – Се работи за закон кој е од стратешки интерес за државата, изработен во тесна координација со Европската унија и со нашите стратешки партнери САД. Дел од амандманите се прифатливи и ќе бидат составен дел на законот – изјави Муцунски.

Пратеникот Сали Мурати изрази благодарност за прифатените амандмани, оценувајќи дека со нив ќе се добијат пофункционални законски норми, како и подобра заштита на националната безбедност и на инвеститорите.

Предложениот закон предвидува негова примена да започне 18 месеци по донесувањето. Овој период е предвиден за подготовка и донесување на соодветните подзаконски акти, како и за донесување владина уредба со која ќе се утврдат секторите и видовите критична инфраструктура во државата.

Со тоа, по завршувањето на преостанатите процедури, треба да се создадат услови за практична примена на новиот механизам за пријавување и проверка на странските директни инвестиции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Собраниската комисија даде „зелено светло“ за Законот…

Собраниската Комисија за надворешна политика и надворешна…

Тетовка си го претепала четиригодишното дете: Ќе…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.О.(38)…

Во Шуто Оризари изгореле над 20 дуќани…

Над 20 дуќани биле опожарени во пожар…

Мелони: Сакаме да го зголемиме производството на…

Италијанската влада донесе декрет со кој предвидува…

Пријавени четири жени кои си ги натепале…

Жени што си ги тепале мажите, татко…