Објавено на:

Солун: Три експлозии на импровизирани механизми пред домови на членови на Нова демократија, повредени пет лица

t

Пет лица, меѓу кои и кандидатка за пратеничка на Нова демократија и нејзините родители, се повредени во експлозиите на импровизирани екслозивни механизми поставени на три различни локации во Солун, пред домовите на тројца припадници на грчката владејачка партија, јави дописничката на МИА од Атина.

Импроизираните механизми изработени од мали плински боци во периодот меѓу четири и пет часот утрово биле поставени пред домовите на претседателот на Управниот комитет на Нова демократија во Солун, Зисис Јоакимовиц, на поранешниот пратеник од партијата Савас Анастасиадис и на партиската кандидатка Афродити Нестора.

Во два од трите случаи немало повредени, додека пак во третиот и најсериозен случај пред домот на Нестора, освен што биле изгорени два автомобили, пет лица биле повредени меѓу кои и кандидатката за пратеничка.

Од петмината повредени, според грчките медиуми, три жени се хоспитализирани со изгореници, меѓу нив се Нестора, нејзината мајка и уште една жена, а со проблеми со дишењето во болница се пренесени две лица.

Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис говорејќи за радиото „Скај“ нагласи дека станува збор за „напади со убиствена намера, насочени кон човечки животи“, додаде дека „коинциденцијата, очигледно не е коинциденција“ и посочи дека од експлозијата повредена е кандидатката за пратеничка на Нова демократија Афродити Нестора, нејзините родители и уште две лица, а мајката на Нестора е во сериозна состојба

-Кога поставуваш импровизиран експлозивен механизам во автомобили и домови каде што живеат луѓе, ја прифаќаш можноста дека тие може да загинат. Всушност, знаеш дека последиците можат да бидат тешки повреди или смрт на некој твој сограѓанин, посочи Маринакис.

Секретарот на политичкиот комитет на Нова демократија Константинос Киранакис нагласи дека членовите и поддржувачите на Нова демократија не се заплашуваат, но и дека „не станува збор за вандализам“, туку „станува збор за вистински терористички напад врз домовите на партиските функционери на Нова демократија“.

– Оние што го извршија нападот имале намера да убијат, нагласи Киранакис.

Истакна дека членовите и поддржувачите на Нова демократија не се заплашуваат и „секој ваков напад го постигнува токму спротивниот ефект“, дека уште повеќе ги обединува против оние кои веруваат дека „насилството и тероризмот можат да ги замолчат идеите, принципите и вредностите на партија“.

Додаде дека имаат доверба во грчката полиција дека набргу ќе ги открие сторителите.

Според грчкиот весник „Катимерини“, истрагата ја презема секторот за борба против тероризам на грчката полиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Солун: Три експлозии на импровизирани механизми пред…

Пет лица, меѓу кои и кандидатка за…

Пронајдена опасна граната кај границата со Грција

Пиротехничарите на ДЗС предупредуваат дека гранатата може…

Осомничените за милионскиот криминал во Лотарија не…

ОЈО проверува дали воопшто има кривично дело,…

Вонредна состојба на два грчки острови поради…

Грчките власти прогласија вонредна состојба на островите…

Уште еден силен земјотрес во Грција

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според…