Пронајдена опасна граната кај границата со Грција
Пиротехничарите на ДЗС предупредуваат дека гранатата може да има смртоносен радиус до 150 метри и дека е доволен само еден удар за да дојде до нејзино активирање и експлозија.
ДЗС информира дека денес е пронајдена артилериска граната од 75мм од Првата светска војна во местото наречено „Ќупот“, југозападно од Гевгелија, во близина на државната граница со Грција. Станува збор за неексплодирано убојно средство, кое веднаш било обезбедено од надлежните служби.
Пиротехничарот Ѓорѓи Стефанов од ДЗС појасни дека гранатата е од типот топовски проектили од Првата светска војна и дека најверојатно се работи за испукана, но неексплодирана граната која останала активна. Според него и при најмал удар може да дојде до моментална експлозија, бидејќи станува збор за исклучително опасно убојно средство, со потенцијално смртоносно дејство во радиус од околу 150 метри.
Истата ќе биде безбедно транспортирана и уништена на армискиот полигон „Криволак“, согласно протоколите за уништување на неексплодирани убојни средства.
Ангелов уште еднаш апелира до граѓаните, во случај на пронаоѓање на сомнителни предмети што наликуваат на експлозивни средства, да не ги допираат и веднаш да пријават на бројот 112!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…
(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…
Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…
Грција ќе ги штити своите F-35 со…
Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…
Во првите седум месеци од годинава Грција…
За 8,6 отсто се зголемил бројот на…
Пожарникар загина за време на спасувачка акција…
При операцијата за спасување и пренесување на…