Сообраќајна расправија ескалирала во закани со оружје во Карпош
Инцидент со закани со огнено оружје бил пријавен вчера во Скопје, откако сообраќајно недоразбирање меѓу двајца возачи ескалирало во сериозен конфликт.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во 15:00 часот во СВР Скопје, 52-годишниот И.С. од скопското село Сарај пријавил дека околу 11:45 часот на подрачјето на Карпош, додека управувал патничко моторно возило, бил пресретнат од друго возило по претходна расправија во сообраќајот.
Според пријавата, возачот на другото возило застанал, по што му упатил закани со пиштол.
По настанот, случајот бил пријавен во полиција, а од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на инцидентот, како и за идентификација на лицето инволвирано во настанот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сообраќајна расправија ескалирала во закани со оружје…
Инцидент со закани со огнено оружје бил…
(Видео) „Кој знае – прави, кој не…
Ексградоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски објави видео…
Си-Ен-Ен открива: Гувернер му нудел помош на…
Месеци пред апсењето во јули 2019 година,…
Дел од семејствата на починатите во трагедијата…
Дел од семејствата на починатите во трагедијата…
(Видео) Пет кученца фрлени на улица, снимен…
Скопјанец исфрлил пет кучиња на улица, кој…