(Видео) Пет кученца фрлени на улица, снимен сопственикот кој не сакал да ја стерилизира неговата кучка

t

Скопјанец исфрлил пет кучиња на улица, кој биле одземени од кучката кој тој ја чува и не била стерилизирана. Снимката ја објави „Анима Мунди“ кои посочуваат дека ова е неодговорно сопствеништво и бараат одговорност бидејќи потегот е суров и штетен. Од видеото се слуша како жена му се обраќа на лицето дека со потегот кој го прави ризикува малите кучиња да бидат згазени од возило, притоа му укажува дека нема кој да ги храни. Тој и посочува таа да се грижи за кучињата кои тој ги исфрла.

„Популацијата на бездомни животни е предвидлив, математички објаснив феномен -секое нестерилизирано животно создава експоненцијален раст на нови генерации. Затоа мерки како масовно стационирање, дислокации или еутаназија никаде не дале трајни резултати. Напротив, создаваат „вакуум ефект“ – испразнетиот простор повторно се пополнува ако изворот остане неконтролиран“, напиша Анима Мунди.

Од здружението посочуваат дека проблемите кои произлегуваат од човечко однесување не се решаваат со справување со последиците, туку со регулирање на изворот. Популацијата на бездомни животни, велат тие, е предвидлив феномен – секое нестерилизирано животно создава експоненцијален раст на нови генерации. Затоа, според нив, мерки како масовно стационирање, дислокации или еутаназија не даваат трајни резултати, туку создаваат таканаречен „вакуум ефект“, при што испразнетиот простор повторно се пополнува доколку изворот остане неконтролиран.

„Не ни требаат повеќе стационари – ни треба систем што ќе ги празни, а не што ќе ги полни“, наведуваат од „Анима Мунди“, додавајќи дека отворањето нови капацитети без запирање на приливот е краткорочно решение што индиректно испраќа порака дека неодговорноста ќе биде апсорбирана од институциите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…