Објавено на:

Сопругот во притвор, не го признава убиството: „Ми се јави на сон“ – морничавото алиби пред доказите на истрагата

t

LИстрагата го разоткри сценариото на 51-годишниот маж од скопски Таор, осомничен за убиство при семејно насилство на неговата поранешна сопруга. Иако биле скоро разведени, пред околу две недели, двајцата сè уште го делеле домот во селото каде што соседите често ги слушале нивните гласни недоразбирања. Љубомората на мажот кон 48-годишната жена кулминирала минатата недела на 25 јуни, кога со автомобилот ја земал од продавницата каде што работела и ја однел во шума во близина на селото Летевци. Таму почнал да ја малтретира и да ја тепа, а во еден момент ја притиснал за гушата, држејќи и ги устата и носот затворени. Без да може да земе здив, жената починала во агонија.

„Жртвата давала отпор и се бранела, но не успеала да се оттргне и се задушила и починала на самото место. Осомничениот го скрил нејзиното тело под гранки помеѓу дрвја, а утредента во полиција пријавил дека неговата сопруга е исчезната. На 27 јуни, на тројца познајници им кажал дека знае каде се наоѓа жената, бидејќи му се појавила во сон и му кажала каде да оди за да ја спаси. Сите со возило се упатиле кон локацијата каде што го забележале телото на жената и пријавиле во полиција“, Обвинителството ги сподели грозоморните детали од истрагата против осомничениот маж за убиство при вршење семејно насилство.

Во полициската станица, тој не го признавал делото и се држел до сценариото дека сопругата, која ја пријавил за исчезната, го „посетила“ во сон и му кажала каде се наоѓа. За помош, за да ја најдат, им се јавува на тројцата пријатели –двајца мажи и жена, кои беа задржани на информативен разговор во полициска станица и потоа пуштени. На осомничениот му е одреден притвор од 30 дена, тој претходно не бил осудуван а во полициската евиденција му стои еден прекршок за нарушување на јавниот ред и мир.

„Јавниот обвинител оцени дека во конкретниот случај постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, како и околности кои го оправдуваат стравот дека тој би можел да стори ново кривично дело. Во прилог на ова, Обвинителството особено ги имаше предвид видот и тежината на кривичното дело, како и начинот на неговото извршување кој вклучува претходен период на планирање, но и периодот по настанот, во кој осомничениот го прикривал телото на оштетената, истовремено создавајќи привидна слика на загрижен сопруг кој активно учествува во нејзиното барање и обидувајќи се да си создаде алиби за да избегне кривичен прогон“, го објаснуваат од Обвинителството барањето за притвор.

Ако осомничениот маж за убиство на поранешната сопруга не ја смени изјавата и понатаму тврди дека е невин, тогаш веројатно е дека ќе му се суди и оти ќе го докажува алибито со кое првично настапил пред истражителите. Во петокот, 51-годишниот С. Г. ја пријавил Ж. Г. за исчезната, за да следниот ден повторно се јави во полиција, овој пат со пријава дека ја пронашол мртва во шумата во близина на селото Летевци. Екипи на МВР и на Јавното обвинителство, по увидот на местото на настанот и обдукцијата на телото, утврдиле дека станува збор за насилна смрт.

– Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и екипи на МВР, ноќта во саботата вршеа увид на тешко пристапна шумска локација во близина на селото Летевци, каде што беше пронајдено безживотно тело на жена од Таор. Жената била пријавена за исчезната во петокот, по што беа преземени дејства за нејзино пронаоѓање. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатата, при што е потврдено дека смртта е насилна. Под сомненија за сторено кривично дело, лишен од слобода е поранешниот сопруг на жртвата, а задржани се и тројца негови пријатели, соопшти во неделата скопското Обвинителство.

Полициската статистика за случаите на семејно насилство бара поголема интервенција и заштита на жртвите. За седум години се бележат вкупно 44.700 случаи на семејно насилство и 42 убиства. Минатиот месец, невенчаниот сопруг до смрт ја избоде мајката на 4 заеднички деца, која поради насилството се вратила да живее кај родителите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сопругот во притвор, не го признава убиството:…

LИстрагата го разоткри сценариото на 51-годишниот маж…

Утре вечер собир во чест на Владо…

Утре со почеток во 20 часот на…

ЕУ од 1 јули воведува царина од…

Европската унија од 1 јули 2026 година…

Ристовски: За две години реализирани и започнати…

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска на…

Трамп: Утре состанок со Иран во Доха

Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека…