Објавено на:

Трамп: Утре состанок со Иран во Доха

t

Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека американските делегации ќе се сретнат со иранските претставници во вторник, 30 јуни, во Доха. „Иран побара состанок. Тој ќе се одржи утре во Доха“, напиша Трамп во објава на платформата Truth social.

Порано денес, извор запознаен со разговорите изјави дека иранските и американските технички тимови кои работат на спроведување на меморандумот за разбирање ќе се сретнат во Доха во наредните денови. Подоцна, иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Казем Гарибабади, ги отфрли тврдењата, велејќи дека не се закажани состаноци на техничката работна група меѓу Иран и САД.

Гарибабади, исто така, нагласи дека консултациите меѓу Иран и Катар во врска со обврските на САД продолжуваат според планот, но дека разговорите на техничката работна група во Доха не се потврдени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД подготвуваат нови царини за најмалку 14…

САД се подготвуваат да објават нови царини…

ЕУ планира да вложи до 50 милијарди…

Европската Унија планира да вложи до 50…

Советник на Белата куќа го обвини Нетанјаху…

Високиот советник во Белата куќа, Џош Гринбаум,…

Мицкоски на средба и со Варнс:Се унапредува…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со…

Америка објави „докази“ за постоењето на митското…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави доверливи…