Специјализациите во медицината од шест се скратуваат на пет години – Алиу: Ќе создадеме побрзо докторски кадар
Реформите на системот на специјализација и субспецијализација на медицинските факултети во Скопје, Тетово и Штип ќе започнат од новата академска година, соопштуваат од Министерството за здравство. Оттаму велат дека главниот фокус на оваа реформа е интерната медицина и општата хирургија. Министерот Азир Алиу изјави дека анализите покажале дека земјата има специјалисти со тесна профилираност и ограничена применливост во државата.
„Од оваа година започнуваме, сите студенти што се на специјализација до третата година можат да бидат префрлени во новата програма, во новата наставна програма, додека оние што се над третата година од специјализацијата ќе мора да ја завршат со старата програма. За дефицитарните кадри имаме идеја да создадеме тимови за да можат да функционираат кардиолозите и интернистите, нормално ќе започнеме со мобилност до фазата кога ќе создадеме нови кадри што ќе работат со полно работно време.“, изјави Азир Алиу.
Според министерот, ќе се воведе интензивна практична обука, особено во ургентната медицина и интензивната нега со ултразвук „од аспект на нега“, како стандардна вештина за секој интернист.
Од медицинските факултети велат дека целта на образовниот процес е да се создаде интернист кој може самостојно да ја извршува работата.
„Решението за недостигот на кадар е всушност вработување на младите. Не ми е јасно како е можно да недостигаат анестезиолози во било која болница, а директорот да ги упатува на хирургија или да ги упатува на кардиологија. Кога некој е вработен во јавна здравствена установа, тој стои на располагање само на таа болница.“, рече Светозар Антовиќ, декан на медицинскиот факултет во Скопје.
Од Лекарската комора го поздравуваат скратувањето на времетраењето на специјализациите, врз основа на меѓународни практики, за да се пополнат празнините во терциарното здравство со побрзо создавање специјализиран кадар.
„Доктор во Македонија ќе задржите ако го вработите и му дадете можност да се образува како што треба. За да биде поедноставно и покорисно за сите, воспоставивме контакт со сите комори од европските земји: во Германија, Австрија и Словенија коморите се тие што ги организираат специјализациите.“, изјави Калина Гривчева-Старделова, претседтелка на лекарската комора.
Од Министерството за здравство велат дека според студија на епидемиолози, околу 70% од пациентите се во клиничките центри. Тоа, според нив, предизвикало големо оптоварување во Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“, каде од сите други градови се упатуваат за подетални прегледи поради недостиг на специјалисти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Специјализациите во медицината од шест се скратуваат…
Реформите на системот на специјализација и субспецијализација…
Американската војска е подготвена да продолжи со…
Американските сили на Блискиот Исток се подготвени…
Сиљановска-Давкова во посета на Турција, оствари средба…
Сиљановска-Давкова во посета на Турција, оствари средба…
Премиерот на Гренланд: Мора да бидеме подготвени…
Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, предупреди дека…
Радев пред голема победа во Бугарија
На неколку дена пред изборите во Бугарија…