Објавено на:

Премиерот на Гренланд: Мора да бидеме подготвени за инвазија, имајте залихи од храна, вода…

t

Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, предупреди дека островот мора да се подготви за можна инвазија од страна на Соединетите Американски Држави по сè почестите изјави на американскиот претседател Доналд Трамп за анексирање на данската територија.

Трамп постојано нагласуваше дека преземањето на Гренланд е клучно за американската безбедност, а Белата куќа претходно оваа година не ја исклучи можноста за употреба на воена сила, што предизвика загриженост кај жителите на Гренланд и ги стави сојузниците на НАТО во незгодна позиција.

Инсистирањето на Трамп за анексија на Гренланд ги затегна односите на САД со сојузниците од НАТО. Американскиот претседател тврди дека САД имаат легитимен интерес да го контролираат Гренланд за да го зајакнат своето влијание на Арктикот, област од сè поголемо стратешко значење поради растечкото присуство на Русија и Кина.

Идејата не е поддржана од нејзините европски партнери, а повеќето Американци се против неа. Анкета спроведена од YouGov и The Economist кон крајот на јануари меѓу 1.684 Американци покажа дека само 13 проценти од испитаниците ја поддржуваат употребата на воена сила за окупирање на Гренланд, додека 32 проценти би поддржале купување на територијата.

Премиерот на Гренланд: Луѓето се исплашени
Нилсен за NBC News изјави дека владата на Гренланд ги повикала жителите да бидат внимателни и да подготвуваат залихи од храна, вода и топла облека најмалку пет дена. „Доколку одлучат да ја нападнат нашата инфраструктура, ние, секако, мора да бидеме подготвени“, рече тој.

На прашањето дали добил гаранции дека НАТО ќе се бори против САД, исто така членка на Алијансата, во случај на инвазија, Нилсен одговори дека не знае дали НАТО ќе гарантира дека ќе се бори за нас против друг сојузник. Член 5 од Северноатлантскиот договор наведува дека нападот врз една членка се смета за напад врз сите.

Земјите од НАТО јавно изразија целосна поддршка, рече тој, но додаде дека одбраната од страна на Алијансата е тешко прашање за одговор. Нилсен, исто така, истакна дека жителите на Гренланд не се чувствуваат безбедно и се исплашени поради изјавите на Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Премиерот на Гренланд: Мора да бидеме подготвени…

Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, предупреди дека…

Радев пред голема победа во Бугарија

На неколку дена пред изборите во Бугарија…

СДСМ: Мицкоски пријавен кај Вајц, ЕК, ЕУ…

СДСМ остро реагираше на последните јавни изјави…

Подготовки за војна: Пентагон сака автомобилски компании…

Високи американски одбранбени претставници разговарале за производство…

„НЕКА КРЕНЕ РАКА АКО НЕКОЈ НЕКОГАШ ПОМИСЛИЛ…

Албанскиот премиер Еди Рама со објава на…