Објавено на:

Спречен шверц на 53,3 кг. марихуана на Ќафасан, крајна дестинација била Македонија

t

На граничниот премин Ќафасан, на албанско – македонската граница, полицијата спречила шверц на 53,3 килограми марихуана, чија крајна дестинација била Македонија.

-Во рамките на полициската акција уапсен е 46-годишниот Елтон Грабоцка жител на Корча, кој управувал со возилото тип „фолксваген“ каде ја сокрил дрогата поделена во повеќе пакувања. Како материјален доказ е одземена количината на дрога, возилото и два мобилни телефона, стои во полициското соопштение.

Се додава дека продолжува истрагата и во соработка со македонските колеги, за целосно расветлување на случајот и фаќање на други лица за кои постои сомневање дека се вмешани.

Грабоцка, според полицијата, во 2020 година бил уапсен поради помагање на илегално преминување на границата, откако бил фатен како превезува мигранти во правец на Тирана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На три европски банки во Русија ќе…

Како официјална причина за заплената на имотот…

Изјавата предизвика бура по спектаклот: „Неговата земја…

Изјавата на Тајсон Фјури, британскиот боксер, предизвика…

НАПАЃАЧОТ НА ПРЕМИЕРОТ НА СЛОВАЧКА ИМАЛ СОУЧЕСНИК?…

Словачкиот министер за внатрешни работи Матуш Шутај-Ешток…

Спасувачите стигнаа до местото на падот на…

Еден од тимовите за пребарување и спасување…

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ5 очекуваме обезбедување…

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по прегласувањето…