Средба Мицкоски-Вучевиќ во Скопје: Меѓусебната почит и соработката важни за иднината на регионот
Претседателот на Српската напредна партија (СНС), Милош Вучевиќ, соопшти дека денеска во Скопје се сретнал со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, воедно и премиер, Христијан Мицкоски. Тој информираше дека со Мицкоски разговарале за зачувување на стабилноста во регионот и за зближување меѓу Македонија и Србија.
„Добар и конструктивен разговор во Скопје со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата на Северна Македонија. Разговаравме за понатамошно зајакнување на соработката меѓу Србија и Северна Македонија, зачувување на стабилноста во регионот, зближување на нашите народи и соработка меѓу Српската напредна партија и ВМРО-ДПМНЕ. Добрите односи, меѓусебната почит и соработката се важни за иднината на целиот регион“, напиша Вучевиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Средба Мицкоски-Вучевиќ во Скопје: Меѓусебната почит и…
Претседателот на Српската напредна партија (СНС), Милош…
Покрената е истрага против 10 лица за…
Вишото јавно обвинителство во Белград покрена истрага…
(Видео) Вучиќ за Баја: Знаеме дека лицето…
Телото на Александар Нешковиќ – Баја не…
(Видео) Прв сериски убиец со дело фемицид…
ОЈО Куманово спроведе предистрага и истрага од…
Меѓу осигурениците на Фондот за здравство во…
Според табелата на српскиот Фонд за здравствено…