Средба Мицкоски-Вучевиќ во Скопје: Меѓусебната почит и соработката важни за иднината на регионот
Претседателот на Српската напредна партија (СНС), Милош Вучевиќ, соопшти дека денеска во Скопје се сретнал со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, воедно и премиер, Христијан Мицкоски. Тој информираше дека со Мицкоски разговарале за зачувување на стабилноста во регионот и за зближување меѓу Македонија и Србија.
„Добар и конструктивен разговор во Скопје со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата на Северна Македонија. Разговаравме за понатамошно зајакнување на соработката меѓу Србија и Северна Македонија, зачувување на стабилноста во регионот, зближување на нашите народи и соработка меѓу Српската напредна партија и ВМРО-ДПМНЕ. Добрите односи, меѓусебната почит и соработката се важни за иднината на целиот регион“, напиша Вучевиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уште еден српски функционер оди во притвор!
Судија за претходна постапка од Посебното одделение…
Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…
Курсот на српскиот динар е стабилен, а…
30 дена притвор за командантот Жмириќ и…
Судија на претходна постапка им одреди притвор…
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Србија купува шест борбени авиони од Чешка,…
Чешката Република ѝ продаде на Србија шест…