Средба на Сиљановска-Давкова со претставници од групата на АЛДЕ

t

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Алијансата на либерали и демократи за Европа (АЛДЕ) од Европскиот Парламент, учесници на меѓународната конференција „Quo vadis Europa 2025?”, што се одржа во Скопје.

Гостите ја потврдија јасната заложба на АЛДЕ за деблокирање на македонскиот евроинтегративен пат, како и брзо и целосно интегрирање на Западен Балкан во ЕУ, преку посегање по креативни решенија во овој исклучително тежок геополитички моментум.

Претседателката, низ призма на принципите и вредностите гарантирани со европските конститутивни акти, презентираше свои видувања и предлози за излез од блокадата.

Гостите изразија не само интерес, туку и подготвеност да помогнат во надминувањето на неодржливиот status quo во којшто се наоѓаме, преку иницирање можни решенија во рамките на Европскиот парламент.

Претседателката го поздрави конструктивниот пристап на АЛДЕ, во духот на европските демократски принципи и вредности.

На средбата присуствуваа Свења Хан, претседателка на АЛДЕ и германска европратеничка, Рик Дамс, потпретседател на АЛДЕ и поранешен претседател на Парламентарно Собрание на Совет на Европа, Весна Пусиќ, прва претседателка на Мрежата на либерали од Југоисточна Европа (ЛИБСЕН) и поранешна вицепремиерка и МНР на Хрватска, Моника Зајкова, претседателката на Либерално-демократската партија и Емил Кирјас, потпретседател на Либералната интернационал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Средба на Сиљановска-Давкова со претставници од групата…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на…

Масовна тепачка во Швајцарија: Тројца Македонци завршија…

Насилен инцидент ја потресе швајцарската општина Романсхорн…

Сијарто: Полска ја турка Европа во војна…

Полска има намера да предизвика европска војна…

СДСМ: Мицкоски се заканува, со контра Резолуцијата…

Денеска е денот на разјаснувања и потврди…

Зеленски во Берлин, ќе се сретне со…

Украинскиот претседател Володимир, Зеленски, пристигнал во Берлин,…