Масовна тепачка во Швајцарија: Тројца Македонци завршија во болница

t

Насилен инцидент ја потресе швајцарската општина Романсхорн (Кантон Тургау) рано утринава во саботата. Во масовна физичка пресметка меѓу две групи повредени се вкупно седум лица, меѓу кои најтешко поминале тројца македонски државјани.

Според официјалните информации од Кантоналната полиција Тургау, инцидентот се случил околу 04:00 часот наутро во угостителски објект лоциран на улицата „Банхофштрасе“. Вербалната расправија меѓу двете групи брзо прераснала во физичко насилство, што наложило итна интервенција на повеќе полициски патроли за смирување на ситуацијата.

Билансот на повредените открива дека во тепачката учествувале државјани од повеќе земји, но македонските државјани биле тие кои морале да бидат хоспитализирани.

Тројца државјани на Македонија – двајца на возраст од 41 година и еден 43-годишник – се здобиле со лесни до средно тешки повреди. Тие со возила на Итната медицинска помош биле пренесени во најблиската болница.
Покрај хоспитализираните, на самото место лекарска помош им била укажана на уште четири лица кои поминале со полесни повреди:

54-годишен државјанин на Косово;
35-годишна државјанка на Албанија;
Двајца државјани на Швајцарија на возраст од 40 и 27 години.
Во инцидентот учествувале уште две лица кои, за среќа, останале неповредени – еден 52-годишен Швајцарец и уште еден 48-годишен Македонец.

Кантоналната полиција Тургау сè уште врши увид и работи на расветлување на мотивите и точниот тек на настаните што довеле до инцидентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ го предложи Пабло Ернандес де Кос…

Европскиот совет го предложи шпанскиот економист Пабло…

Србија оди кон десничарско раководство: Ништо од…

Србија наскоро би можела да добие претседател…

Врховниот суд на Канада го потврди најголемиот…

Врховниот суд на Канада го остави во…

Со нож ја ограбил среде кафуле во…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово…

Американската армија онеспособила брод што се обидел…

Армијата на САД вчера во Оманскиот Залив…