ССМ со апел да се почитуваат мерките за заштита од високите температури

t

Во насока на справување со најавените високи температури, Сојузот на синдикатите на Македонија бара од работодавачите да ги почитуваат марките за безбедност и здравје при работа, да го намалат и исклучат работењето на отворено за работниците во најтоплите делови од денот, како и да ги обезбедат сите средства и мерки за заштита на животот и здравјето на работниците во овие услови.

„Потребно е да се почитуваат мерките на заштита и претпазливост за време на високи амбиентни температури, а за што веќе објави Институт за јавно здравје. Укажуваме дека од особено значење е да се почитуваат соодветните мерки за заштита на здравјето и животот на возрасните , хронично болните и бремените работнички . Значењето на животот и здравјето на работниците, во овие услови на екстремно високи температури е од исклучителна важност и сите заедно треба да го зачуваме здравјето на работниците и граѓаните, тие се двигатели на општеството,“  велат од ССМ.

ССМ бара работодавачите да не ги третираат препораките како доброволна добра волја, туку како дел од законската обврска за безбедност и здравје при работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ССМ со апел да се почитуваат мерките…

Во насока на справување со најавените високи…

Сеута бара помош од Шпанија за над…

Шпанската енклава Сеута, која сè уште се…

(Видео) Русија изврши еден од најсмртоносните напади…

Русија изврши еден од најсмртоносните напади врз…

Дрон на аеродромот во Лајпциг носел експлозиви…

На аеродромот Лајпциг/Хале е пронајден сомнителен дрон.…

Четворица избодени со нож во Ковент Гарден…

Четири лица се повредени во напад со…