Објавено на:

Субвенции од 10.000 денари за возачки испит за матурантите од Кисела Вода

t

Општината Кисела Вода ќе им помогне на матурантите полесно да стигнат до возачка дозвола, со тоа што ќе покрие дел од трошоците за теоретска и практична обука за возачка дозвола од Б категорија.

Секој одобрен апликант од генерацијата 2026 година ќе добие субвенција од 10.000 денари! За оваа намена, обезбедивме вкупен буџет од 1.500.000 денари. Со овој проект сакаме директно да им помогнеме на матурантите во нивното осамостојување. Верувам дека со овие 10.000 денари значително ќе го олесниме и семејниот буџет на нивните родители, истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Право на користење на оваа финансиска помош имаат сите жители на општина Кисела Вода кои се матуранти во 2026 година.

Главен услов е процесот на уплата и следење на обуката во некоја од лиценцираните авто-школи да е започнат заклучно од 1 јануари 2026 година.

Ги повикувам сите матуранти кои ги исполнуваат условите да аплицираат што побрзо! Доделувањето ќе се одвива по принципот „прв дојден – прв услужен“, сè до исцрпување на вкупните средства, посочи градоначалничката.

Целосната документација се поднесува во затворен плик преку општинската архива, која прецизно ќе го евидентира времето на прием.

Сета дополнителна потребна документација и информации поврзани со јавниот повик се достапни на веб-страница на Општината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Над 200.000 луѓе во Србија останаа без…

Над 200.000 луѓе во Пожега, Чачак, Лучани…

Загубите на вода во Македонија лани изнесувале…

Загубите на вода на национално ниво во…

ТРАМП ГО УКИНА ОГРАНИЧУВАЊЕТО ЗА ВОДАТА ВО…

Откако со години се жалеше на тоа,…

АХВ со нови мерки за водата во…

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и…

Одлична вест: Водата за пиење во Скопје…

Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки…