Загубите на вода во Македонија лани изнесувале 63,05 проценти

t

Загубите на вода на национално ниво во 2025 година изнесувале 63,05 проценти и се помали за 0,16 проценти во споредба со 2024 година – покажуваат податоците од годишниот извештај за 2025 година за работата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). 

Намалување од 0,33 кубни метри има и кај просечната месечна потрошувачка на домаќинствата на вода, која во 2025 година изнесувала 12,59 метри кубни. Домаќинствата од Југозападниот Регион имаат најмала просечна потрошувачка од 8,67 кубни,метри, а во Вардарскиот Регион е најголема со 15,10 кубни метри.

РКЕ информира дека фактурираната количина вода во 2025 година изнесува 36,95 проценти и е практично на исто ниво како и претходната година (36,79 проценти).

Највисок процент на неприходувана вода има во Југозападниот Регион од 73 проценти, а најмал процент на неприходувана вода е регистриран во Југоисточен Регион – 47,88 проценти.

Процентот на покриеност со водоснабдување во 2025 година бележи зголемување во сите региони во споредба со 2024 година, при што најголема покриеност има во Источниот Регион со 92,58 проценти, а најголемо зголемување на процентот на покриеност со вода за една година од над 3 проценти е регистриран во Југоисточниот Регион  и изнесува 87,50 проценти. Станува збор за проширување на мрежата преку нови инвестиции, но влијание во зголемувањето на покриеноста со водоснабдување има и трендот на приклучување на малите водоснабдителни системи од руралните средини и нивното присоединување кон големата градска мрежа. 

– РКЕ во 2025 година има донесено 34 решенија за утврдување тарифи (опсег) за снабдување со вода за пиење, кои потоа ги одобрува советот на соодветните општини и девет конечни регулаторни тарифи, што се обврзувачки за примена и се донесени откога советот не го прифатил предложениот опсег на цени – се вели во соопштението. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

Во Хрватска е уапсен е градежен работник…

Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…

360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…

Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…

Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…

Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…

Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…

Се обидуваме да ја развиваме државата, да…