Судење за Одбраната тврди дека доказите во „Онкологија 2“ се невалидни

t

На денешното рочиште за предметот „Онкологија 2“ во Основниот кривичен суд Скопје, одбраната побара укинување на притворот за двајцата обвинети поранешни директори на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија и негово заменување со домашен притвор. Воедно, беше побарано и повлекување на паричната казна од 500 евра изречена за адвокатката Анита Бегова.

Одбраната остро реагираше на доказите презентирани од обвинителството, оценувајќи дека станува збор за незаверени копии без правна важност.

Откако, по одлука на судечкиот совет, јавниот обвинител започна со читање на доказите од архивските папки, адвокатката Бегова ја оспори нивната автентичност. Таа нагласи дека дел од документите немаат печат и потпис од овластено лице, ниту пак се заверени, што, според неа, ги прави невалидни во кривичната постапка.

„Законот за кривичната постапка јасно предвидува дека доказите мора да бидат доставени во оригинал или како заверени копии. Незаверените документи не можат да се сметаат за веродостојни докази“, истакна Бегова, повикувајќи се на член 392 од ЗКП.

Таа додаде дека исклучок е дозволен само за заверени копии, кои гарантираат идентичност со оригиналот, додека користењето незаверени документи може да претставува суштествена повреда на постапката.

На почетокот на рочиштето, Бегова побара и укинување на решенијата за нејзино казнување и за назначување бранител по службена должност, оценувајќи дека со тоа се повредени нејзините права.

„Моето напуштање на расправата беше со цел да го заштитам професионалниот интегритет. Назначувањето адвокат по службена должност, без да ми биде откажано полномошното, го сметам за повреда на моите уставни права“, изјави таа.

Второобвинетиот Нехад Нухи побара укинување на ефективниот притвор, образложувајќи дека му е потребно време за подготовка на одбраната и грижа за семејството, истакнувајќи дека нема намера да бега.

Адвокатот на Никола Васев, Дељо Кадиев, се приклучи кон овие барања, потенцирајќи дека правото на одбрана е неспорно.

Од обвинителството соопштија дека целокупната документација е навремено и уредно доставена, додека одлуката за притворот ја оставија на Судот.

Судијката истакна дека нема да дозволи одолговлекување на постапката и одлучи доказите да се читаат во судница, бидејќи странките не постигнале согласност тие да бидат само внесени во записник. Доказите ќе бидат достапни во судницата, но нема да може да се разгледуваат надвор од расправата.

Во предметот „Онкологија 2“, Никола Васев и Нехад Нухи се обвинети дека во периодот од 2018 до 2022 година незаконски набавувале лекови преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што, според обвинението, е направена штета од околу 36 милиони евра. Двајцата ја негираат вината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судење за Одбраната тврди дека доказите во…

На денешното рочиште за предметот „Онкологија 2“…

Американци ќе копаат антимон кај Крива Паланка

Американска компанија ќе копа руда антимон кај…

Хорор во Русија: Ученик со нож уби…

Денес, 17-годишен ученик избоде наставничка во училиште…

Мицкоски очекува инфлација од 4,5-5%: Следните мерки…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека според…

Лукаревска: Ценовен шок за велигденските празници, Владата…

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во дебатната…