Американци ќе копаат антимон кај Крива Паланка

t

Американска компанија ќе копа руда антимон кај Крива Паланка, а потоа ќе се преработува во САД, а на американски инвеститори ќе им биде понуден и проектот „Чебрен и Галиште“, што била лична заложба на премиерот Христијан Мицкоски.

Ова денеска го изјави премиерот Мицкоски, во одговор на прашање за денешниот стратешки дијалог што го води Македонија со САД.

Премиерот нагласи дека Македонија е првата земја од Европа која што има стратетшки дијалог со актуелната администрација на САД.

Mакедонската делегација ја предводи министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, а од страна на САД, заменик државниот секретар Кристофер Ландау

Мицкоски додава дека ќе бидат опфатени теми како дигиталната трансформација, вештачката интелигенција, апликациите, имплементацијата, билатералната соработка, потоа енергетиката, инфраструктурата која што се гради во нашата земја и во која што се инвестира многу, потоа одбранбената индустрија, соработката во делот на одбранбената индустрија…

„Тоа се неколку области во кои што очекуваме да се постигне голем напредок, а истовремено да се промовира една инвестиција во еден значаен производен објект, а тоа е рудата антимон, која што ќе се експлоатира во близина на кривопаланечкото село Луке. Редок минерал, нешто кое што навистина може за нашата економија да значи многу. Истрагите таму се веќе при крај и очекувам тоа многу скоро да биде започнато“, рече Мицкоски.

„Таму е и министерката Сања Божиновска со сите информации поврзани со тој проект, истиот ќе биде претставен“, рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…

Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…

СДСМ го нападна Митовски: Да не се…

Народот на Крива Паланка треба да се…

Мицкоски: Градоначалникот на Крива Паланка од СДСМ…

Не можеме да го оспориме правото на…

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со…

СДСМ бара за најавата за отворање рудник…

Американци ќе копаат антимон кај Крива Паланка

Американска компанија ќе копа руда антимон кај…