Таен воен состанок во Германија: САД им соопштиле на Израел и осум арапски држави дека војната со Иран продолжува

t

Највисоки воени претставници на САД, Израел и осум арапски држави минатата недела одржале таен состанок во Германија, на кој главна тема била војната со Иран и сè посериозната безбедносна ситуација на Блискиот Исток, објави Axios, повикувајќи се на двајца израелски функционери.
Средбата била организирана од командантот на американската Централна команда – CENTCOM, адмирал Бред Купер, а за неа претходно не информирала ниту една од земјите учеснички.

Според информациите на Axios, покрај Купер, на состанокот учествувале началниците на генералштабовите или највисоки воени команданти од Израел, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Кувајт, Катар, Јордан и Египет.

CENTCOM го потврдил одржувањето на конференцијата, наведувајќи дека во Германија биле собрани високи воени претставници од осум земји за разговори за подобрување на безбедносната соработка на Блискиот Исток.

Станува збор за прва средба од ваков тип откако пред повеќе од шест месеци започна војната на САД и Израел против Иран. Посебно значење има фактот што на исто место се нашле израелски воени команданти и претставници на арапски земји, од кои дел сè уште немаат воспоставено дипломатски односи со Израел.

Според Axios, Купер на состанокот ги уверувал сојузниците дека американската армија нема намера да ги повлече своите сили од регионот и покрај иранските напади врз американските бази.
Една од клучните теми била и ситуацијата во Ормутскиот Теснец. Американскиот командант ги информирал присутните за плановите на Вашингтон за дополнително зголемување на бродскиот сообраќај низ овој стратешки морски премин. САД во последните месеци спроведуваат операции чија цел е враќање на поголем дел од комерцијалниот сообраќај низ теснецот, кој е од огромно значење за глобалниот извоз на нафта и гас.

Неофицијално било соопштено дека војната продолжува.

Началникот на Генералштабот на израелската армија, генерал Ејал Замир, пак, ги информирал присутните команданти за операциите што израелската армија ги спроведува на различните фронтови.

Тајната средба добива дополнително значење поради паралелната ескалација во Црвеното Море.
Хутите ги засилија нападите врз Саудиска Арабија и нејзината енергетска инфраструктура, додека состојбата околу Баб ел-Мандеб станува уште еден сериозен ризик за меѓународната трговија и транспортот на енергенси.

Средбата во Германија воедно покажува дека зад затворени врати се продлабочува воената координација меѓу САД, Израел и дел од арапските држави. Соработката меѓу Израел и арапските партнери значително се прошири по Абрахамските договори, особено во областите на воздушната и противракетната одбрана, разузнавањето и регионалната безбедност.

Во услови на продолжена војна со Иран, нестабилност во Ормутскиот Теснец и нова ескалација околу Саудиска Арабија и Црвеното Море, тајната средба во Германија може да биде сигнал дека Вашингтон се обидува да изгради поширока регионална безбедносна архитектура околу своите сојузници и партнери.
Особено значајно е присуството на Саудиска Арабија, Катар и другите арапски држави заедно со Израел – што покажува дека заедничките безбедносни интереси и заканите од регионалната војна создаваат канали за воена соработка дури и таму каде што формалните дипломатски односи сè уште не постојат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таен воен состанок во Германија: САД им…

Највисоки воени претставници на САД, Израел и…

Полска ги зајакнува граничните премини кон Украина:…

Полска ја зајакнува безбедноста на граничните премини…

Бујар Османи во посета на Јужен Тирол…

Соопштение за јавност на ДУИ: Потпретседателот на…

Велковски: Целта е да го зацврстиме пензискиот…

Министерот за социјална политика, демографија и млади…

УНХЦР: Поради обновениот конфликт во Јемен повеќе…

Агенцијата на Обединети нации за бегалци (УНХЦР)…