Татко на 71 и мајка на 61 година од Македонија за прв пат станаа родители!

t

Жена на 61-годишна возраст и нејзиниот 71-годишен сопруг за првпат станаа родители на здраво машко бебе по успешно спроведена ин витро постапка во болницата „Д-р Органџиски“.

Од болницата го оценија случајот како историски успех, посочувајќи дека бременоста била постигната по внимателна и индивидуализирана медицинска подготовка.

На успешната ин витро постапка ѝ претходела хистероскопска реконструкција на матката, а биле користени донирани јајце-клетки.

Според информациите од болницата, мајката и бебето се во добра здравствена состојба.

Случајот привлече внимание поради возраста на двајцата родители и сложеноста на медицинската постапка што ѝ претходела на бременоста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Татко на 71 и мајка на 61…

Жена на 61-годишна возраст и нејзиниот 71-годишен…

Родителите од Кочани бараат враќање на обвинителката…

Дел од родителите и семејствата на жртвите…

Родителите на починатите од Кочани: Придружете ни…

Од Здружението на граѓани 16ти март повикуваат…

„Човечкиот живот не може и не смее…

По веста дека синот на газдата на…

„Oсомничени полицајци се на слобода, го губиме…

Нов протестен „Марш за ангелите“ се одржа…