„Човечкиот живот не може и не смее да се стави пред материјална штета“ – Родителите од Кочани реагираат по тужбата од синот на газдата на „Пулс“
По веста дека синот на газдата на „Пулс“ каде загинаа 63 млади луѓе, поднел приватна тужба против демонстрантите во Кочани, кои еден ден по трагичниот настан во дискотеката, му го демолираа кафулето „Класик“, се огласија со реакција родителите на загинатите.
Според „Здружението на граѓани 16-ти март 2025 година“, институциите наместо да ја утврдат одговорноста таму каде што реално лежи, „фокусот неоправдано се насочува кон млади лица кои сами биле изложени на опасност“.
„Јавноста јасно укажува дека реакциите на дел од младите по настанот биле последица на шок, траума и силно чувство на неправда – а не свесно или намерно делување. Многу граѓани сметаат дека тој така-наречен трагичен настан е резултат на сериозни пропусти, толерирање ризици и можна коруптивна заштита што му овозможиле на објектот да работи без основни стандарди за безбедност.
Човечкиот живот не може и не смее да се стави пред материјална штета.
Безбедноста и животот на секое дете таму биле загрозени многу пред револтот.
Затоа, доминантниот граѓански став е дека токму причините за трагедијата и институционалните пропусти мора да бидат во центарот на истрагата – а не младите кои беа директни жртви на таа небезбедност.
Порака до институциите:
Бараме непристрасно, стручно и одговорно постапување – без селективна правда.Бараме утврдување на одговорноста на сите што биле должни да обезбедат безбедност во објектот. Бараме итно запирање на неправедното насочување вина кон младите, кои беа изложени на ризик, а не причинители.“, велат од здружението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родителите на загинатите во „Пулс“ ќе достават…
Родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“…
Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…
Во просториите на Општина Делчево се одржа…
Уапсена мајка осомничена за убиство на едногодишната…
Полицијата во Нови Сад ја уапси 33-годишната…
Родителите на загинатите: Ако надлежните навреме постапеле…
Адвокатот Петре Шилегов повторно бара Јавното обвинителство…
Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…
Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…