ТВ Телма: Запрена истрагата за 6 полициски службеници осомничени за пожарот во кочански Пулс за дело „предизвикување општа опасност“

t

Истрагата за пожарот во кабарето „Пулс“ во Кочани е запрена за шест полициски службеници и началници кои беа осомничени за кривичното дело „предизвикување општа опасност“ со смртни последици, дознава Телма.

Според Обвинителството, овие полициски службеници не можат да се гонат за ова дело, бидејќи нивните законски овластувања не опфаќале контрола на противпожарните мерки, туку се однесувале на безбедноста во сообраќајот и обезбедувањето доволен број паркинг-места за објектот.

„Од Законот за угостителска дејност произлегува дека тие требало да вршат проверки само во делот на заштитата на јавниот ред и мир и безбедноста во сообраќајот“, стои во одлуката на обвинителот кој ја водеше истрагата.

Дел од осомничените беа во притвор еден месец, по што им беа изречени поблаги мерки кои денес се укинати, потврдиле за Телма извори од истрагата. Од Кривичниот суд во Скопје потврдија дека се укинати мерките за двајца полицајци.

Истрагата за пожарот во „Пулс“ опфаќа уште околу 20 полициски службеници, а по истиот предмет веќе започна судење со 35 обвинети и три правни лица. Во трагичниот пожар на 16 март минатата година загинаа 63 лица, а над 200 беа тешко повредени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТВ Телма: Запрена истрагата за 6 полициски…

Истрагата за пожарот во кабарето „Пулс“ во…

Венецуела прифати месечен надзор: буџетот ќе оди…

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека…

Превозниците нема да ги укинат блокадите: „Предупредуваме…

Илјадници камиони се блокирани на граничните премини,…

СДСМ: Мицкоски со криминалци – ништо не…

Денеска МВР соопшти дека пет лица се…

60 ГРАЃАНИ КАЗНЕТИ ЗА ФРЛАЊЕ ЃУБРЕ ПО…

Над 60 граѓани во Скопје се соочија…