60 ГРАЃАНИ КАЗНЕТИ ЗА ФРЛАЊЕ ЃУБРЕ ПО 22 ЧАСОТ!
Над 60 граѓани во Скопје се соочија со парична казна од по 50 евра откако инспекторите ги фатија на дело фрлајќи ѓубре по 22 часот. Мерката за забрана на вечерно одлагање на отпад е веќе во сила од неколку месеци, а периодот на опомени и прилагодување заврши – сега инспекторите строго казнуваат.
Градоначалникот на Скопје изрази задоволство од мерката, истакнувајќи дека со неа е воспоставен ред и дисциплина во одлагањето на отпадот.
Според податоците на Град Скопје, инспекторите за животна средина во последните три месеци извршиле над 45 вонредни контроли во кругот на ОХИС, Стаклара и општина Сарај, со казни што се движат од 1.000 до 53.000 евра. Покрај тоа, одговорни лица за управување со отпад биле казнети со 3.000 евра, додека физичките лица добиле по 250 до 500 евра казни за неправилно одлагање и палење отпад.
Комуналната инспекција исто така извршила 240 контроли на градилишта низ Скопје, кои резултирале со 25 опомени и 11 казни од по 1.300 евра. Мерките покажуваат дека инспекциската служба ја засили контролата за да се одржи чистота и ред во главниот град
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Клековски најави формирање комисија за случајот со…
Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
Зеленски се надева дека резултатите од американските…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…
Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…
Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…
Иран објави информација за три опожарени бродови…
Два танкера и реморкер се опожарени во…