Објавено на:

Тепачки, сообраќајни несреќи и семејно насилство регистрира билтенот на СВР Тетово

t

На 30.05.2026 година во 12:00 часот, во СВР Тетово, Е.Ф.(38) од село Доброште пријавил дека околу 10:45 часот бил физички нападнат во угостителски објект на улица „Илинденска“ во Тетово. Според пријавеното, лицето И.А.(39) од Тетово, со кого се познавале од претходно, физички го нападнал. Нападот бил прекинат од присутни лица во објектот, по што Е.Ф. се упатил во Клиничка болница Тетово за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.05.2026 година во 14:00 часот во ОВР Гостивар, Ф.Х.(43) од село Горна Бањица пријавил дека околу 13:40 часот, додека бил на бензинска пумпа на улица „ЈНА“ во Гостивар, по кратка вербслна расправија бил физички нападнат од неговиот вујко А.П., со кого имале претходни недоразбирања. Потоа двајцата биле разделени од страна на братот на пријавителот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

На 30.05.2026 година во 19:00 часот, во ОВР Гостивар е пријавено дека, на улица „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, се случила сообраќајна несреќа во која непознато лице кое управувало електричен тротинет удрило во пешакот В.Т.(67) од Гостивар. Веднаш по незгодата, возачот на тротинетот го напуштил местото на настанот. Во Медицинскиот центар Гостивар кај В.Т. биле констатирани тешки телесни повреди. Увид извршила екипа од ОВР Гостивар и се работи на пронаоѓање на возачот.

На 30.05.2026 година во 22:40 часот, полициски службеници од Полициското одделение Галате во село Градец запреле патничко моторно возило „Форд“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.З.(22), во кое сопатник бил Х.Ш. (25), двајцата од село Градец. При преглед на возилото, во кутија од цигари, била пронајдена и одземена марихуана. Тие се лишени од слобода и задржани во полициска станица за понатамошна постапка и против нив ќе слефува соодветен поднесок.

На 30.05.2026 година во 23:45 часот, во Полициското одделение Теарце, верски службеник (оџа) Р.С.(66) од село Горно Орашје пријавил дека околу 20:30 часот бил физички нападнат во помошна просторија до неговата куќа. Додека пријавителот вршел верски обред на две непознати женски лица, во просторијата влегло непознато машко лице, кој му упатил закани и физички го нападнал. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

На 31.05.2026 година во 01:30 часот, Т.З.(60) од Тетово, вработен во агенција за обезбедување, пријавил дека околу 00:10 часот во и пред угостителски објект на улица „120“ во Тетово настанал нарушен јавен ред и мир со меѓусебна тепачка помеѓу две лица. Полициски службеници од СВР Тетово веднаш реагирале и на местото на настанот ги привеле лицата Џ.А.(31) од Скопје и С.Ф.(31) од Тетово. Кај С.Ф. биле измерени 1,30 промили алкохол во крвта. Пои целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 31.05.2026 година во 08:20 часот, на улица „Штипска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Г.Ќ. (44), од с. Добридол гостиварско, со престојување во Тетово. Тој бил приведен поради основано сомнение дека извршил кривично дело „Семејно насилство“ врз неговата 44- годишна сопруга. Тој е задржан во Полициската станица за натамошна постапка и по документирање на случајо против него ќе следува соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени две лица од тетовско по пријава…

На 28.05.2026 година, полициски службеници од СВР…

Тетовец силувал 15-годишно девојче, мајката молчела поради…

Шокантен и исклучително вознемирувачки случај на сексуално…

Уапсен жител на тетовско Камењане, лажно пријавил…

Полициски службеници од Полициското одделение Камењане вчера…

Фатен малолетник кој крадел во џамии во…

На 19.05.2026 во 18:00 часот во Тетово,…