Техничката влада оди во “историјата”
Заминува ли техничката влада во историјата? Предлог законот за влада со кој се бара укинување на досегашниот модел на преодна влада – на пленарна седница ја помина првата фаза.
Собранието со 67 гласа ЗА ја утврди потребата од донесување на предлог законот по скратена постапка. За одлуката 13 пратениците гласаа против.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски – со реакција дека постојниот закон за влада е дел од листата на закони за реформската агенда и нема никаква потреба да се донесе нов по скратена постапка.
Не ми е јасна оваа панична реакција – реплицираше пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Никола Мицевски. Не се работи за брза постапка, предлог законот е даден на рагледување до сите партии од 20 јануари, а за него ќе се дискутира и во периодов што следи, дополни Мицевски.
За Предлог законот пристигна реакција и од ДУИ. За секој закон што се носи по скратена постапка без можност за анализа и поголема дискусија не даваме поддршка, велат од албанската опозиција.
Заменик министерот за јавна администрација Лазе Јакимовски пак пред пратениците образложи дека предлог законот предвивуда поголема правна сигурност и заштита на јавниот интерес. Државните институции треба да функционираат со целосна одговорност, без привремени политички договори, рече Јакимовски.
Со Пржинскиот договор од 2015 година се предвидува сто дена пред парламентарните избори да се воспостави техничка влада, која треба да обезбеди фер и демократски избори.
Во техничката влада, министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика ги предлага партијата во опозиција со најголем број пратеници во Собранието. Опозицијата, исто така, предлага дополнителни заменици-министри во уште три министерства…Се менува и премиерот, но тој се именува на предлог на актуелната власт
Пржинската влада според предлог законот ќе се укине по одржување на наредните парламентарни избори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Техничката влада оди во “историјата”
Заминува ли техничката влада во историјата? Предлог…
ГЕРМАНИЈА ВО ПАНИКА: Русија го прекинува протокот…
Енергетскиот пазар во Европа е пред нов…
Димитров до Бугарија: Стратегијата ви е тажна,…
Поранешниот министер за надворешни работи и актуелен…
Заврши стечајот за „Еурокомпозит“, македонско-полски инвеститори ја…
Прилепскиот капацитет за наменско производство „11 Октомври…
ЕК бара подобра координација помеѓу земјите-членки на…
Европска комисија ги повика земјите-членки на Европска…