Техничката влада оди во “историјата”
Заминува ли техничката влада во историјата? Предлог законот за влада со кој се бара укинување на досегашниот модел на преодна влада – на пленарна седница ја помина првата фаза.
Собранието со 67 гласа ЗА ја утврди потребата од донесување на предлог законот по скратена постапка. За одлуката 13 пратениците гласаа против.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски – со реакција дека постојниот закон за влада е дел од листата на закони за реформската агенда и нема никаква потреба да се донесе нов по скратена постапка.
Не ми е јасна оваа панична реакција – реплицираше пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Никола Мицевски. Не се работи за брза постапка, предлог законот е даден на рагледување до сите партии од 20 јануари, а за него ќе се дискутира и во периодов што следи, дополни Мицевски.
За Предлог законот пристигна реакција и од ДУИ. За секој закон што се носи по скратена постапка без можност за анализа и поголема дискусија не даваме поддршка, велат од албанската опозиција.
Заменик министерот за јавна администрација Лазе Јакимовски пак пред пратениците образложи дека предлог законот предвивуда поголема правна сигурност и заштита на јавниот интерес. Државните институции треба да функционираат со целосна одговорност, без привремени политички договори, рече Јакимовски.
Со Пржинскиот договор од 2015 година се предвидува сто дена пред парламентарните избори да се воспостави техничка влада, која треба да обезбеди фер и демократски избори.
Во техничката влада, министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика ги предлага партијата во опозиција со најголем број пратеници во Собранието. Опозицијата, исто така, предлага дополнителни заменици-министри во уште три министерства…Се менува и премиерот, но тој се именува на предлог на актуелната власт
Пржинската влада според предлог законот ќе се укине по одржување на наредните парламентарни избори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови…
На археолошкиот локалитет „Старо Бонче“ се откриени…
Пандов на средба со делегација на Европскиот…
Директорот на Управата за извршување на санкциите,…
Македонски државјанин убиен во Германија
Дваесет и седумгодишен маж од Северна Македонија…
72-годишен Полјак се преценил кај Куратица —…
Пензионер од Полска одбрал авантуристички да го…
МОН: Неточни и лицемерни се тврдењата на…
Министерството за образование и наука (МОН) како…