Тешка сообраќајка во Кичево, повредено е 6-годишно девојче од Зајас
МВР информира дека вчера попладне во 17:10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на крстосница помеѓу регионалниот пат за с. Осломеј и ул. „Загорје“ во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Л.Џ.(31) од с. Зајас, кичевско и патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Л.Б.(23) од с. Стрелци, кичевско, при што настанал пожар во возилото „форд“.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кичево пожарот е изгаснат.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила шестгодишна сопатничка од с. Зајас од возилото „форд“, додека со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешка сообраќајка во Кичево, повредено е 6-годишно…
МВР информира дека вчера попладне во 17:10…
Пијана 24-годишна девојка удрила во паркиран „голф“
На 02.12.2025 во 10:30 часот, полициски службеници…
Полицијата упадна на настап на Џејла Рамовиќ…
На 29/30.11.2025 од страна на ОВР Кичево…
Тешка сообраќајна несреќа во Србија: четири лица…
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи…
Кривична пријава за ексградоначалникот на Кичево, Фатмир…
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот…