Тешка сообраќајна незгода: Две возила се судрија на патот Штип-Пробиштип – има повеќе повредени!
Тешка сообраќајна несреќа се случила на регионалниот пат Штип – Пробиштип, каде директно се судриле две патнички возила, откако едно од нив, обидувајќи се да избегне пламен од пожар покрај коловозот, преминало на спротивната сообраќајна лента.
Според првичните информации, возилото кое се движело кон Штип налетало на пламен и чад од активен пожар покрај патот. Во обид да го избегне опасниот дел, возачот изгубил контрола и навлегол во спротивната лента, каде директно се судрил со автомобил што доаѓал од спротивен правец.
Во несреќата се повредени повеќе лица, кои со возила на Итната медицинска помош биле пренесени во болница каде им е укажана соодветна лекарска помош. Засега не се соопштува степенот на нивните повреди.
Покрај повредените во сообраќајката, повеќе лица побарале медицинска помош поради вдишување густ чад од пожарите што беснеат во регионот.
Во меѓувреме, надлежните служби продолжуваат со интервенциите на терен, бидејќи се регистрирани нови жаришта во атарите на селата Ратавица, Неокази и на локалитетот Глобица. Екипите работат на локализирање на пожарите и обезбедување на безбедноста на населението и сообраќајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешка сообраќајна незгода: Две возила се судрија…
Тешка сообраќајна несреќа се случила на регионалниот…
Апасиев до претседателот на Уставен: Не ти…
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со остра…
Ќе има ли конечно правда: УШТЕ ОСУМ…
Одделението за внатрешни работи Кочани денеска до…
Македонија во „топ-ап“ пакетот на ЕУ –…
Реформите во земјава се забрзуваат, оцени евроамбасадорот…
Продадено службеното „ауди“ на Мерко за 22.000…
Службеното возило „Ауди А6“, кое неколку години…