Продадено службеното „ауди“ на Мерко за 22.000 евра

t

Службеното возило „Ауди А6“, кое неколку години го користеше поранешниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, е продадено на јавна аукција за 1.350.000 денари (околу 22 илјади евра). Новиот сопственик на автомобилот е од битолското подрачје, дознава телевизијата Алсат.

Актуелниот градоначалник на Струга, Менди Ќира, потврди дека средствата од продажбата ќе бидат наменети за отплата на дел од стариот финансиски долг на општината, објави 4news.mk.

Оваа продажба беше меѓу првите ветувања што новата локална власт ги најави по преземањето на раководната функција во градот.

Во меѓувреме, пред да се реализира аукцијата, автомобилот беше запленет од страна на извршител од Охрид поради претходно настанати финансиски обврски на Општина Струга.

Првично беше соопштено дека почетната цена на јавното наддавање ќе изнесува 10.000 евра.

Луксузното патничко возило беше набавено од страна на струшката локална самоуправа пред шест години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продадено службеното „ауди“ на Мерко за 22.000…

Службеното возило „Ауди А6“, кое неколку години…

Менди Ќира го продава службеното „Ауди“ на…

Новиот градоначалник на Струга, Менди Ќира, денеска…

Запален автомобил „Ауди“ во Чаир

Доцна синоќа било запален автомобил „Ауди“ во…

Изгоре “Ауди” во Гази Баба

Автомобил „Ауди“ рано утрово изгорел пред куќа…

Meрко ќе плаќа инфлуенсерки за да го…

Локалните власти во Струга за туристичка промоција…