Тинејџер со мопед удрил 57-годишен човек во Гевгелија
Тинејџер со мопед удрил во пешак во Гевгелија, при што тешко повредени се 57-годишниот пешак и 17-годишен сопатник на мопедот, соопшти полицијата.
„На 28.05.2026 година во 22:45 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на булевар ‘Гевгелија’ мопед со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од 16-годишен малолетник од Гевгелија удрил во пешакот В.С.(57) од Гевгелија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле пешакот и 17-годишен сопатник на моторот од село Моин, гевгелиско. Повредите се констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото изврши екипа на ОВР Гевгелија“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тинејџер со мопед удрил 57-годишен човек во…
Тинејџер со мопед удрил во пешак во…
13-годишно дете загина со тротинет кај селото…
Дете од 13 години кое возело тротинет…
Лишен од слобода кумановец кај кого била…
На 28.05.2026 година во 19:10 часот, од…
Бегајќи од возило со кое претходно се…
Триесет и шестгодишен жител на Тетово пријавил…
Лишени од слобода двајца криумчари на мигранти…
На 26.05.2026 во 06:30 часот на наплатна…