13-годишно дете загина со тротинет кај селото Черкези
Дете од 13 години кое возело тротинет загинало во сообраќајна несреќа, што се случила синоќа на регионалниот пат Куманово-Скопје во село Черкези.
Сообраќајната несреќа, како што наведуваат од СВР Куманово, се случила помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки управувано од дваесет и четиригодишниот Ф.С. од Куманово и електричен тротинет управуван од тринаесетгодишниот малолетник од село Черкези.
-По несреќата, малолетникот бил пренесен во општата болница Куманово каде лекар констатирал смрт. Во 21:20 часот во полициската станица Куманово возачот бил лишен од слобода-наведуваат од кумановската полиција.
Јавен обвинител од основното јавно обвинителство (ОЈО) и увидна екипа од СВР Куманово извршиле увид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
15-годишно момче донесено во болница без знаци…
15-годишно момче од Гостивар било донесено во…
Возач на тротинет удри во пензионерка во…
МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…
Кривична за двајца вработени во Брза помош…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35)…
Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…
МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…
Трактор излета од пат во Пехчево, загина…
Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово…