Томовски најавува купување и на ново блиндирано возило, старото не ги исполнувало безбедносните стандарди

t

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски, на денешниот брифинг со новинарите информираше за лошата состојба на државниот возен парк и најави итни мерки за негово обновување.

Томовски посочи дека државата во моментов располага со само едно блиндирано возило од марката „мерцедес“, објави 4news.mk Ова возило, кое е во употреба од 2017 година, веќе не ги исполнува современите безбедносни стандарди.

„Кога доаѓаат специфични гости од странство, како што беше неодамнешната посета на премиерот Орбан во Охрид, тие мораат да носат сопствени блиндирани возила. Нашето постоечко возило едноставно не ги задоволува строгите безбедносни протоколи“, објасни директорот Томовски.

Според официјалните податоци на Службата, моменталната состојба со возилата е загрижувачка:

220 возила се водат во евиденцијата на СОЗР. 104 возила се целосно надвор од функција („расфрлени“), додека останатите се само делумно функционални.

Во функција се 45 лизинг возила (главно од моделот „шкода суперб“), кои ги користат министрите и странските делегации.

Како решение за овие предизвици, Томовски најави дека СОЗР ќе се фокусира на оперативен лизинг со рок на користење од четири години, со цел да се обезбеди постојана функционалност на флотата.

Исто така, приоритет ќе биде набавката на ново, современо блиндирано возило, со што ќе се врати капацитетот на државата за пречек на високи странски делегации согласно меѓународните прописи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Томовски најавува купување и на ново блиндирано…

Директорот на Службата за општи и заеднички…

Епидемиологот Оранска од ВМЦ: Четворица заболени од…

Четворица слушатели на курсот за професионални војници…

(Видео) Граѓаните во банките штедат 7,2 милијарди…

Заштедите во банките растат, но расте и…

На скопска „Онкологија“ не се почитувале протоколите,…

Давањето на погрешен лек, не само што…

СДСМ: Работниците немаат за леб а владата…

Додека работниците едвај врзуваат крај со крај,…