На скопска „Онкологија“ не се почитувале протоколите, тврди вештак од Словенија

t

Давањето на погрешен лек, не само што нема да ги оздрави болните од рак, туку може да делува токсично. Ова го потврди лекарката од Марибор, која е потписник на вештачењето во случајот „Онкологија“. Маја Равник, во исказ пред судот рече дека секоја промена на терапијата мора писмено да се евидентира, а конзилијарниот пристап бил златен стандард во лекувањето. Докторката констатира дека на скопска онкологија протоколите најчесто не се почитувале.

„При анализира на 51 документација, само во еден случај имаше мултидисциплинарно конзилијарно мислење. Најчесто, пациентите добивале лек без да се почитува протоколот. Промените во лекувањето не биле совесно евидентирани и многу често без објаснување зошто се менува терапијата“, вели д-р Марија Равник, вештак- онколог од Медицинскиот факултет во Марибор, Словенија.

Давањето агресивна онколошка терапија кај терминално болни само им ја влошува состојбата и им го скратува живот, рече вештакот.

Анализирајќи го досието на починатата Мирослава Николова, вештакот кажа дека и била давана терапија која не лекува рак на јајници што придонело до напредување на болеста. Одбраната, пак, тврди дека вештачењето е нецелосно и неточно.

Поранешниот директор на онкологија Никола Васев и уште двајца лекари се обвинети за несовесно лекување на пациенти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин се закани со нови напади врз…

Рускиот претседател Владимир Путин најави дека Москва…

Франција испраќа ракети за Украина по нападот…

Франција ја засилува воената помош за Украина…

Следната недела мало заладување: Температури од 37…

Од понеделник дневната температура ќе почнат да…

Германски државјани загинаа во авионска несреќа во…

Двајца германски државјани загинаа во авионска несреќа…

Ер трактор се вклучи во гаснењето на…

Големиот пожар што попладнево избувна во близина…