Томовски: Потребна е набавка на нов државен авион кој би се користел за официјални и државни потреби
Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, денеска изјави дека е потребна набавка на нов државен авион кој би се користел за официјални и државни потреби.
Според него, доколку државата сака да има сериозен имиџ на меѓународно ниво, мора да располага со соодветна опрема и средства за транспорт.
„Државата, ако сакаме да биде сериозна, треба да имаме сериозен имиџ, сериозни возила и сериозен авион“, изјави Томовски.
Тој посочи дека постојниот авион е стар, склон на чести дефекти и има ограничен капацитет, објави 4news.mk Како што рече, леталото располага со околу шест седишта и не е соодветно за превоз на поголеми државни делегации.
„Имаме авион кој е склон на чести поправки, го носевме повеќепати на сервисирање, премал е и има околу шест седишта. Не може да се користи за соодветни делегации“, истакна Томовски.
Во таа насока, како што додаде, се разгледуваат можности за изнаоѓање модел за финансирање и набавка на нов авион со поголем капацитет, односно летало со околу 14 седишта, објави 4news.mk Дополнително, се размислува новиот авион да има и опција за медицински транспорт, во случаи кога тоа е неопходно.
Томовски потсети дека постоечкиот авион бил користен и во итни ситуации, наведувајќи пример со случајот во Кочани, кога леталото било ангажирано еднаш или двапати за потребите на транспорт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Томовски: Потребна е набавка на нов државен…
Директорот на Службата за општи и заеднички…
Државата плаќа двојно повеќе за алуминиумски фолии…
На веб страницата за јавни набавки, Службата…
Два тона портокали, тон и пол компири…
На веб-страницата за јавни набавки се објавени…
(Фото) Авион се урна во водите на…
Пред неколку минути спортски авион се урна…
По милионите за манго, папаја и бејби…
Службата за општи и заеднички работи на…