Државата плаќа двојно повеќе за алуминиумски фолии и најлонски кеси отколку за обука на пилоти
На веб страницата за јавни набавки, Службата за општи и заеднички работи на Владата има објавено два договори за различни јавни набавки. Едниот договор СОЗР го склучува за обука на пилоти во вредност од 805.000 денари или околу 13.000 евра. Вториот договор е за потрошни материјали за угостителство, во вредност од 1.683.611 денари или 27,6 илјади евра.


Согласно првиот договор, компанијата е должна да спроведе обука за пилоти и авиомеханичари за Справување со опасни материи, Прва помош, Справување со пожар и Управување со човечки ресурси (Dangerous goods; First Aid; Firefighting; Crew resource management; TRI refresher course; Instructor general; Instructor type related Learjet 60). Понудувачот треба да ја реализира теоретската, практичната обука и испитите сукцесивно во период од три години, на одобрени локации согласно неговото уверение.
Во вториот договор се набавуваат алуминиумска фолија, пластични кеси, најлонска фолија, пластични садови и слично. Што точно се набавува погледнете во продолжение.





ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во владината кошничка нема трошок за кирија,…
Разликите меѓу синдикалната и владината потрошувачка кошничка…
Митева: Незаконски наплатените средства од компаниите за…
Денеска сакаме да ја информираме јавноста за…
Студентската листа: Блиску сме до договор за…
Студентската листа е блиску до решение за…
Мицкоски: Владата е најстабилна во овој дел…
„Владата се избира со мнозинство од 61…
Над 160 здравствени работници учеа да препозна…
Повеќе од 160 здравствени работници и соработници…