Тошковски: Поради хибридните напади загрозени се одредени витални точки во државата

t

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски предупреди дека во последните неколку месеци Македонија е изложена на хибридни напади кои загрозуваат витални точки на државата. Според него, МВР веќе презема мерки, но засега не може да сподели конкретни информации со јавноста.

– Факт е дека во Македонија имаме хибриден напад во изминатите неколку месеци. Од повеќе страни и на повеќе полиња се загрозени одредени витални точки во државата. Тоа сите го гледаме – и граѓаните, и институциите, и новинарите – изјави Тошковски, додавајќи дека МВР активно постапува во насока на заштита.

На прашањето дали постојат нови траги или осомничени поврзани со т.н. центри на моќ за кои се шпекулира дека стојат зад неодамнешните пожари, министерот одговори кратко: – Да, имаме – но не откри дополнителни детали.

Тошковски беше дециден дека во моментот не може да објави повеќе информации, со образложение дека тоа би можело да ја загрози истрагата. Изјавата ја даде по завршувањето на 16-та меѓународна научна конференција „Системска корупција – најголемата безбедносна закана: Безбедносно-стратешки пристапи за решавање на сложените предизвици“, организирана од Факултетот за безбедност во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тошковски: Поради хибридните напади загрозени се одредени…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски предупреди…

Гостиварска Апелација ја потврдила двегодишната затворска казна…

Семејството на Теодора Ристовска со писмо до…

Улиците во Белград оштетени од воената парада…

Јавното комунално претпријатие Белград (ЈКП) доби наредба…

Утре и задутре, на Клиниката за пулмоголија…

Министерството за здравство заедно со Универзитетската клиника…

Мицкоски: Со одлуките што ги носат, судиите…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го повтори ставот…