Тошковски: Поради хибридните напади загрозени се одредени витални точки во државата
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски предупреди дека во последните неколку месеци Македонија е изложена на хибридни напади кои загрозуваат витални точки на државата. Според него, МВР веќе презема мерки, но засега не може да сподели конкретни информации со јавноста.
– Факт е дека во Македонија имаме хибриден напад во изминатите неколку месеци. Од повеќе страни и на повеќе полиња се загрозени одредени витални точки во државата. Тоа сите го гледаме – и граѓаните, и институциите, и новинарите – изјави Тошковски, додавајќи дека МВР активно постапува во насока на заштита.
На прашањето дали постојат нови траги или осомничени поврзани со т.н. центри на моќ за кои се шпекулира дека стојат зад неодамнешните пожари, министерот одговори кратко: – Да, имаме – но не откри дополнителни детали.
Тошковски беше дециден дека во моментот не може да објави повеќе информации, со образложение дека тоа би можело да ја загрози истрагата. Изјавата ја даде по завршувањето на 16-та меѓународна научна конференција „Системска корупција – најголемата безбедносна закана: Безбедносно-стратешки пристапи за решавање на сложените предизвици“, организирана од Факултетот за безбедност во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров за „подготовките“ на Европа за можна…
Доколку Европа ја нападне Русија, војната ќе…
Од сабота почнува примената на „Безбеден град“…
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста…
ДПИ казнил компании со над 2 милиони…
Од 31 август до 6 септември инспекторите…
Шведска им нуди до 37.000 долари на…
Од почетокот на 2026 година, Шведска им…
Мерц: За влакно избегнавме катастрофа – нападот…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави пред…