Трагично заврши потрагата по исчезнато лице во Македонија – еве каде е пронајдено!

t

Трагично заврши потрагата по 87-годишен жител на тетовското село Пршовце, кој бил пријавен за исчезнат. Неговото тело било пронајдено покрај реката Бистрица, а смртта ја констатирал лекар на местото на настанот.

Според информациите, вчера во 12:30 часот во Полициското одделение Теарце, 41-годишниот Џ. А. од Пршовце пријавил дека забележал тело без знаци на живот покрај реката.

Полициските службеници веднаш излегле на местото и утврдиле дека станува збор за Е. Е. (87), исто така жител на селото. Лекар ја констатирал смртта во 12:45 часот.

Исчезнал од семејниот дом во раните утрински часови

Според пријавата што неговиот син ја поднел истиот ден, во 2 часот по полноќ, 87-годишниот маж во раните утрински часови на 16 октомври се оддалечил во непознат правец од семејниот дом во Пршовце.

По неговото исчезнување била пријавена потрага, која завршила со трагичен исход.

На местото каде што било пронајдено телото бил извршен увид во присуство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, лекар по судска медицина и увидна екипа од СВР Тетово.

Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот. Засега не се соопштени дополнителни детали за околностите под кои починал мажот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДИК: Излезноста во Брвеница до 13 часот…

Излезноста на предвремените избори за градоначалник на…

Израелски министер : „Во Франција веќе започна…

Израелскиот министер за дијаспора и борба против…

Се проширува војната: Египет одобри „секаква неопходна…

Египетскиот Совет за национална одбрана, предводен од…

Вашингтон ѝ предлага на Европа: Продолжете да…

Европски претставници со негативни реакции на предлогот…

(Видео) Еве како денес изгледа Париз по…

Франција утрово прави преглед на штетите по…