Трамп: 1.000 ракети подготвени и наполнети за Иран ако се обидат да ме убијат
Американскиот претседател Доналд Трамп коментираше на социјалната мрежа Truth Social за продолжувањето на конфликтот со Иран, наведувајќи дека американската војска подготвила 1.000 ракети што можат да бидат лансирани против Иран.
Мировните преговори меѓу Вашингтон и Техеран се во сериозна криза поради неодамнешната размена на оган меѓу американските и иранските сили во Персискиот Залив.
„Илјада ракети се насочени кон Исламската Република Иран, а уште илјадници ќе следат веднаш ако иранската влада ја оствари својата закана, упатена во многу делови од светот, за атентат или обид за атентат врз сегашниот претседател на Соединетите Американски Држави, во овој случај, Мене!“, напиша Трамп.
Тој изјави дека наредбите се веќе издадени и дека американската армија е подготвена, спремна и способна, во рок од една година, со можност за продолжување, целосно да ги десеткува и уништи сите области на Иран.
Од друга страна, Израел е подготвен да се придружи на идните американски напади врз Иран доколку Вашингтон го побара тоа, објави „Њујорк пост“, повикувајќи се на извори во Ерусалим.
Според американскиот весник, оваа порака доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп прогласи прекин на огнот со Техеран и одобри нов бран напади врз ирански цели.
Извори во Ерусалим изјавија дека Израел веќе ја покажа својата подготвеност да застане на страната на САД и дека ќе го стори тоа повторно доколку е потребно.
Еден од соговорниците рече дека Израел разбира дека мора да покаже воена сила, но дека не е сигурно дека американската страна би се чувствувала удобно со вклучувањето на Израел во секој иден напад. Истиот извор додаде: „Подготвени сме повторно да го сториме тоа, доколку е потребно“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: 1.000 ракети подготвени и наполнети за…
Американскиот претседател Доналд Трамп коментираше на социјалната…
Зошто Македонија ја води истрагата за инцидентот…
Иако авионот на „Рајанер“ полетал од Солун…
Ѓорѓиевски: БРТ влегува во фаза на реализација,…
Завршени се финалните координации за следните чекори…
Трагедија во Виетнам: Потона туристички брод со…
Туристички брод со индиски туристи се превртел…
Ламалари по заедничката акција на апсење на…
Албанскиот министер за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари,…