Објавено на:

Трагедија во Виетнам: Потона туристички брод со индиски туристи, 15 загинати

t

Туристички брод со индиски туристи се превртел во близина на островот Хон Мај Рут Нгоаи во јужниот дел на Виетнам, при што загинале најмалку 15 лица, пренесува Би-би-си, повикувајќи се на локалните медиуми.

Според локалните власти, на бродот имало 32 индиски државјани и четворица членови на екипажот. Несреќата се случила на околу 400 метри од островот, откако пловилото било зафатено од силни ветрови и високи бранови.

Во спасувачката акција веднаш се вклучиле неколку туристички бродови што се наоѓале во близина. Спасувачите успеале да извлечат голем број патници кои останале заробени во превртениот брод, а 21 лице било спасено.

Надлежните продолжуваат со потрагата и сè уште го утврдуваат точниот број на загинати и преживеани.

Индиската амбасада во Виетнам ја оцени несреќата како трагична и објави список со 32 индиски државјани кои се наоѓале на бродот.

Островот Хон Мај Рут Нгоаи, кој се наоѓа во архипелагот Ан Тои во Тајландскиот Залив, е една од попознатите туристички дестинации во Виетнам и привлекува посетители од целиот свет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија во Виетнам: Потона туристички брод со…

Туристички брод со индиски туристи се превртел…

Ламалари по заедничката акција на апсење на…

Албанскиот министер за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари,…

Серафимовски: Надминат е проблемот со откупот на…

Државниот секретар и предлог-кандидат за министер за…

Пронајден нов вид диносаурус на Тајланд: Фосилите…

Тајландски палеонтолози тврдат дека откриле нов вид…

Пожар од трева запалил две возила во…

Две патнички возила се оштетени во пожар…