Трамп воведе „златна карта“ – американското државјанство за милион долари
Американската влада денеска го објави иницирањето на нова, ексклузивна имиграциска програма позната како „Ззлатна карта на Трамп“, која нуди директен пат до државјанство за сите квалификувани и проверени лица.
– Златната карта на Трамп на владата на Соединетите Американски Држави пристигна денеска! Директен пат до државјанство за сите квалификувани и проверени лица. Колку возбудливо! Нашите одлични американски компании конечно можат да ги задржат своите непроценливи таленти. Страницата се отвора за 30 минути! trumpcard.gov“ објави американскиот претседател на Truth Social.
– Со надоместок за обработка на барањето и, по проверка од Министерството за домашна безбедност, уплата од милион долари, добивате право на престој во САД за рекордно кратко време преку програмата Trump Gold Card, стои на официјалната страница.
Покрај „Trump Gold Card“, американската администрација најави и уште поексклузивна програма – Trump Platinum Card, наменета за најбогатите странци кои сакаат да престојуваат во САД без да имаат даночни обврски на странски приход. Програмата доаѓа со далеку повисок финансиски праг и нуди статус кој според американските власти претставува „највисоко ниво на пристап“.
– Аплицирајте сега и осигурајте си го вашето место на листата на чекање за Trump Platinum Card. Со надоместок за обработка на барањето и, по проверка од Министерството за домашна безбедност, придонес од 5 милиони долари, ќе имате можност да престојувате до 270 дена во Соединетите Држави без обврска за плаќање американски данок на доход остварен надвор од САД, пишува на официјалната страница на американската влада.
Американскиот претседател Доналд Трамп уште во февруари годинава најави воведување на таканаречените „златни карти“, програма наменета за богати странци кои сакаат да инвестираат во Соединетите Американски Држави и да отвораат нови работни места.
– Богатите луѓе ќе дојдат во земјава со купување на оваа карта. Тие ќе бидат богати, ќе бидат успешни, ќе потрошат многу пари, ќе платат многу даноци и ќе вработат многу луѓе, им порача тој на новинарите во Белата куќа. Според него, програмата е замислена како „нешто како зелена карта, но на повисоко ниво на софистицираност“, а на носителите долгорочно би им обезбедила и пат кон стекнување државјанство.
Трамп во февруари изјави и дека дури и некои руски олигарси – од кои многумина се под американски санкции поради руската агресија врз Украина – би можеле да ги исполнуваат условите на програмата. „Познавам некои руски олигарси кои се многу добри луѓе“, рече тој. На новинарско прашање дали тие можат да аплицираат, тој одговори: „Можно е.“
Новата „златна карта“ ќе ја замени постоечката имиграциска програма EБ-5, кој на странските инвеститори им овозможуваше со големи инвестиции да добијат право на постојан престој. Американскиот министер за трговија Хауард Лутник претходно изјави дека програмата EБ-5 била подложен на злоупотреби и дека претставувала „начин да се добие зелена карта по ниска цена“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп воведе „златна карта“ – американското државјанство…
Американската влада денеска го објави иницирањето на…
Апасиев: Мицика колку пати си поднесуваш оставка?
#Мицика, а бе колку пати "СЕ ПОВЛЕКУВАШ…
Врховната јавна обвинителка на Србија и шефот…
Врховната јавна обвинителка Загорка Доловац и претседателот…
Поранешниот градоначалник на ДУИ на Гостивар, Бејта,…
Поранешниот висок функционер на ДУИ, Невзат Бејта…
Тошковски во Брисел: Македонија ја потврдува посветеноста…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…