Врховната јавна обвинителка на Србија и шефот на Советот на обвинители: Во државата се интензивира притисокот врз судството

t

Врховната јавна обвинителка Загорка Доловац и претседателот на Високиот совет на обвинители на Србија, Бранко Стаменковиќ денеска одржаа средба со шефот на Делегацијата на Европската унија во Србија, Андреас фон Бекерат, и членовите на неговата делегација, со цел да ги запознаат со моменталната состојба во Јавното обвинителство на Србија.

Доловац и Стаменковиќ укажаа на кампањата на обиди за вршење прекумерно влијание врз носителите на јавни обвинителски функции во Србија, што е присутна секој ден и е значително поинтензивна, како и на случаите на обиди за заплашување и напад врз јавните обвинители.

Заедничка оценка е дека состојбата во јавното обвинителство и судството во Србија треба внимателно да се следи и оценува во однос на критериумите и активностите што државата ги презеде како обврска во процесот на пристапување кон ЕУ во рамки на преговарачките поглавја 23 и 24, што ја утврдуваат неопходноста од владеење на правото, независноста на јавното обвинителство и независноста на судството, се наведува во соопштение.

Тие ги информираа соговорниците за претстојните избори за Високиот совет на обвинителства и последиците што произлегоа по неуспешниот избор на 88 јавни обвинители во ноември оваа година, а во контекст на исполнувањето на обврските што Србија ги презеде во процесот на пристапување кон ЕУ, а кои се однесуваат на јавното обвинителство и судството, се вели во соопштението на ВЈО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Да бидеме хумани даму помогнеме на Стефан…

Почитувани пријатели, голем број од вас знаат…

МВР: Пронајдени 253 куршуми, рачна бомба и…

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.С.(33)…

Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници…

Министерството за дигитална трансформација доставило налог за…

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија,…

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва, преку видео порака,…

Вучиќ помилувал пет лица во Србија: Меѓу…

Вишиот суд во Белград потврди дека ги…