Трамп: Војната во Иран практично е завршена
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната во Иран, од воен аспект, практично е завршена, пренесоа светските новински агенции. Со тоа навести дека, барем засега, нема намера да ги обнови бомбардирањата, кои предизвикаа големи разурнувања во Исламската Република и потреси во светската економија.
Трамп ненадејно се појави во салата за прес-конференции во Белата куќа, по средбата со катарскиот премиер, шеикот Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим Ал-Тани, и изјави:
„Војната со Иран практично е завршена од воен аспект. Ние само ја одржуваме статус-кво состојбата“.
Американскиот претседател додаде дека Иран е „обезглавен“, но посочи дека продолжува да бара начин да обезбеди трајно решение со кое ќе биде неутрализирана нуклеарната програма на Исламската Република.
„Во овој момент, преземањето воени дејствија не изгледа особено неопходно. Но, подготвени сме да дејствуваме доколку се промени која било околност. Мислам дека ова ќе заврши релативно наскоро“, изјави тој.
Трамп рече и дека Катар и Саудиска Арабија се нетрпеливи да се постигне мирно решение на конфликтот. Тој изрази задоволство од „американската поморска блокада“ на Иран во Ормускиот Теснец.
Во меѓувреме, претседателот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Мохсен Резаи, изјави дека Вашингтон треба „да престане да фабрикува лажни вести за замислени преговори“ и дека е „време да отстапи пред седумте услови што Иран постојано ги поставува“.
„Војната против Иран веќе ја уништи американската влада. Но, Вашингтон се однесува како очаен коцкар. Покажете ги картите. Престанете да фабрикувате лажни вести за замислени преговори. Престанете да го негирате новиот поредок во Западна Азија. Време е да ги прифатите седумте услови што Иран постојано ги поставува“, напиша Резаи на својот канал на Телеграм.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Војната во Иран практично е завршена
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Иран: Развивме подземни комплекси за производство на…
Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ)…
САД нудат награда од 20 милиони долари…
Соединетите Американски Држави нудат награда до 20…