Трамп ги повлече САДод 66 меѓународни групи и организации
Доналд Трамп ги повлекува САД од 66 меѓународни организации. Со декретот на американскиот претседател на федералните оддели и агенции им се наложува во најбрз можен рок да го прекинат учеството и финансирањето на 31 ентитет на Обединетите нации и 35 организации кои не се дел од ОН.
Според Белата куќа, се работи за организации кои работат спротивно на националните интереси, безбедноста и економскиот просперитет на САД ..
Стејт департмент
„Администрацијата на Трамп смета дека овие институции се непотребни, лошо управувани, расипнички, лошо водени, заробени од интересите на актерите што ги унапредуваат своите агенди спротивни на нашите, или претставуваат закана за суверенитетот, слободите и општиот просперитет на нашата нација. Претседателот Трамп е јасен: Повеќе не е прифатливо на овие институции да им се испраќа крвта, потта и богатството на американскиот народ, без многу или ништо да се покаже од тоа. Деновите кога милијарди долари пари од даночните обврзници се насочуваа кон странски интереси на сметка на нашиот народ се завршени.“
На листата се најдоа Меѓувладиниот панел за климатски промени и Меѓународниот институт за демократија и изборна помош, кој промовира демократски транзиции низ целиот свет…Засегнати се и бројни тела на Обединетие Нации, вклучувајќи го и Одделот за економски и социјални работи, што се занимава со прашања како што се населението, сиромаштијата и меѓународната трговска политика, и Рамковната конвенција на ОН за климатски промени..
Следејќи ја пораката на Трамп, државниот секретар Марко Рубио вели дека Вашингтон се повлекува од антиамерикански и бескорисни меѓународни организации .. Сепак, најави дека ќе продолжи соработката со сите оние кои имаат потреба од помош, но средствата ќе се уплаќаат директно на државите…
Од Обединетие Нации пак велат дека поддршка ќе добијат само оние држави кои ја поддржуваат агендата на Американскиот претседател..
Даниел Форти – шеф на одделот за ОН во Меѓународната кризна група
„Мислам дека она што го гледаме е кристализирање на американскиот пристап кон мултилатерализмот, кој е по мое или никако. Тоа е многу јасна визија за желбата за меѓународна соработка но според условите на Вашингтон“.
Од Европската унија пак велат дека одлуката на најголемата економија во светот да ја запре поддршката за сите кои се фокусирани на спречување на климатските промени, е погрешна…
Вопке Хоекстра – Еврокомесар за клима и оддржлив раст
„Одлуката на најголемата економија во светот и вториот најголем емитер на штетни гасови да се повлече од Рамковна конвенција на Обединетите нации за климатски промени е жална и несреќна.“
Администрацијата на Трамп неодамна воведе санкции за специјалниот известувач на Обединетие Нации, Франческа Албанезе откако таа објави извештај во кој се документирани Американските компании кои ја помагаат војната на Израел во Газа..
Американскаста администрација, исто така, ја продолжи и забраната за финансирање на агенцијата на Обединетите Нации за палестинските бегалци..
Откако го почна вториот мандат, Трамп веќе ги повлече САД од Светската здравствена организација – одлука која треба да стартува на 22-ри јануари, Парискиот договор за климата и советот за човекови права…Во досегашниот дел од мандатот, американскиот претседател постојано критикува дека САД плаќаат за други земји, а добиваат малку за возврат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп ги повлече САДод 66 меѓународни групи…
Доналд Трамп ги повлекува САД од 66…
ОМО Илинден – Пирин: Бугарија го призна…
„Оспорувањето на македонскиот јазик од страна на…
Почина дебранец при пад од зграда на…
Жител на Дебар денеска претпладне го загуби…
Зеленски: Блиску сме до договор со Америка
Украинскиот претседател Володимир Зеленски штотуку изјави дека…
Трошоците за живот во Македонија во 2025…
Трошоците на живот во 2025 година, во…