Трамп го брани Инфантино: „Ако го смените, Светското првенство никогаш повеќе нема да биде толку успешно“
Американскиот претседател Доналд Трамп застана во одбрана на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, откако неговата позиција се најде под притисок по неуспехот на планот за продажба на удел во комерцијалните активности поврзани со Светското првенство.
Трамп преку својата социјална мрежа „Truth Social“ порача дека ФИФА би направила „ужасна грешка“ доколку размислува да го замени Инфантино.
„Тој е фантастичен и штотуку го водеше најуспешното Светско првенство досега, четири пати поуспешно од кое било претходно. Ако си замине, натпреварувањето никогаш повеќе нема да биде толку успешно или профитабилно“, напиша Трамп.
Во меѓувреме, УЕФА, Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ) и КОНКАКАФ одржале разговори за организирање сопствени натпреварувања, поради несогласувањата со Инфантино и неговите планови.
Трите конфедерации го обвинија претседателот на ФИФА за „измама“ и, според информациите, сакаат да му овозможат да се повлече од функцијата без повторно да се кандидира на изборите закажани за март следната година.
Причина за продлабочувањето на кризата е планот за основање на компанијата „FIFA Forward Enterprise“, која требаше да управува со комерцијалните и оперативните активности поврзани со турнирите на ФИФА. Планот предвидувал околу 20 отсто од уделот да биде понуден на приватни инвеститори.
Инфантино се извини поради предлогот, но УЕФА, АФЦ и КОНКАКАФ побараа независна проверка на планот.
„Управувањето со фудбалот не е приватна сопственост“, порачаа трите конфедерации во заедничкото писмо.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп го брани Инфантино: „Ако го смените,…
Американскиот претседател Доналд Трамп застана во одбрана…
Два активни и 20 изгаснати пожари во…
Во изминатото деноноќие на територијата на државата…
Расте бројот на загинати во земјотресот во…
Најмалку 132 лица загинаа во Колумбија по…
Трамп потпиша извршна уредба со која се…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа потпиша извршна…
И денеска многу топло, здравствените власти со…
Топлотниот бран што ја зафати земјава продолжува…