Два активни и 20 изгаснати пожари во последните 24 часа
Во изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани 23 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи.
Според пресекот до 07:30 часот на 11 август, два пожари се активни, еден е ставен под контрола, додека 20 се изгаснати.
Активни се пожарите во Општина Македонски Брод, на местото Видуш во близина на село Драгов Дол, каде што гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки, како и во кумановската населба Средорек, каде што гори ѓубре.
Пожарот во градската депонија во Делчево е ставен под контрола.
Во текот на изминатото деноноќие биле изгаснати пожари и на повеќе локации во Арачиново, Петровец, Илинден, Битола, Новаци, Долнени, Босилово, Радовиш, Струга, Центар Жупа, Кичево, Велес, Градско, Неготино, Штип, Виница и Крива Паланка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Москва предлага пакт со НАТО
Русија би можела да склучи пактови за…
Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска…
Мицкоски: Документ од 2023 година потврдува дека…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Тема…
Украина и Русија договорија размена на заробеници,…
Украина и Русија договорија поголема размена на…
Блокот на Ајзенкот го доби првото гласање…
Политичкиот блок предводен од Гади Ајзенкот го…